Доделувањето на Златната топка ќе се одржи на 28 октомври, а дотогаш ќе се шпекулира кој од претстојните тројца играчи ќе ја освои најголемата индивидуална награда во светот на фудбалот.
Во најтесна конкуренција се Винисиус Жуниор, Родри и Џуд Белингем, а меѓу нив тројца ќе се утврдува кој е новиот најдобар светски фудбалер.
Според сите светски обложувалници, Винисиус е прв фаворит пред другите поради фантастичната сезона во Реал Мадрид во која беше најзаслужен за освојувањето на Лигата на шампионите со шест гола и пет асистенции, но и во Ла Лига каде играше брилијантно во текот на целата сезона.
Втор фаворит е Родри, кој беше водечки човек на Манчестер Сити во освојувањето на Премиер лигата, но и во борбата за титулата европски првак на шпанската репрезентација.
Трет фаворит е Џуд Белингем, кој исто така одигра исклучително важна улога во настојувањата на Реал Мадрид во шпанскиот фудбал и Лигата на шампионите, а потоа ја одведе репрезентацијата до финалето на ЕУРО. Сепак, таму остана без титула со Англичаните.