Дефанзивецот на лондонски Вест Хем, Владимир Куфал и Јакуб Брабец, кој настапува за грчки Арис, како и напаѓачот на Спарта Прага, Јан Кучта, го напуштиле во саботата вечер репрезентативниот камп и тројцата биле фотографирани во ноќен клуб во градот Оломуц каде Чешка в понеделник ја пречекува Молдавија.
Чешката фудбалска федерација го потврди случајот и соопшти дека тројцата репрезентативци не се во комбинацијата за дуелот в понеделник.
На Чешка ѝ е доволен бод од натпреварот против Молдавија за да обезбеди пласман на Европското првенство идната година во Германија.