Фудбал Барселона, ПСЖ и Челзи

Три европски гиганти во трка по ист напаѓач

Голем број фудбалски стручњаци го сметаат Алварез за играч со исклучителна брзина, агресивност, добра работа без топка и чувство за гол.

Три европски гиганти во трка по ист напаѓач

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Жулиан Алварез е на мета на три големи европски клубови. Како што пренесуваат англиските медиуми интерес има од Барселона, ПСЖ и Челзи. Репрезентативецот на Аргентина бележи добри игри и брзо се наметна како еден од најопасните играчи.

Голем број фудбалски стручњаци го сметаат Алварез за играч со исклучителна брзина, агресивност, добра работа без топка и чувство за гол.

Фудбалерот е задоволен во Атлетико Мадрид, но не одбива и варијанта за нов предизвик во кариерата. Премиерлигашот Челзи се смета како најупорен и како најстабилно решение за клубот.

Секако нема да биде за занемарување ниту финансискиот ефект и Атлетико Мадрид нема лесно да се откаже од еден од своите најдобри играчи сезонава и обештетувањето се очекува да биде високо. (МИА)

To top