Фудбал

Трајковски: Против Велс ќе се обидеме да победиме

Трајковски: Против Велс ќе се обидеме да победиме

Во име на фудбалската репрезентација на Македонија по крајот на натпреварот зборуваше Александар Трајковски.

„Знаевме дека многу е важно да почнеме со победа во овие квалификации, но, сепак, секој меч е важен и нема лесен ривал. Можеби така изгледа од страна, но ние се подготвуваме за секој меч како да е најважен. Така, најважно ни беше да тргнеме со победа. Ни следи потежок меч со Велс во Скопје и се надевам дека ќе успееме и на тој дуел да пробаме да победиме. Сакам да им се заблагодарам на навивачите да не поддржат и се надевам дека ќе бидат во уште поголем број на мечот во Скопје“, изјави Трајковски.

 

To top