Фудбал

Терористичкиот напад во Москва го откажа пријателскиот меч меѓу Русија и Парагвај

Терористичкиот напад во Москва го откажа пријателскиот меч меѓу Русија и Парагвај

Дуелот на Русија со јужноамериканската селекција беше предвидено да се одигра в понеделник од 20:00 часот, но поради новонастанатата ситуација, истиот официјално се откажува.

„Фудбалската федерација на Русија оцени дека во моментов нема услови за одигрување на пријателскиот натпревар со Парагвај. Одлуката доаѓа по ужасниот терористички напад кој се случи во московското предградие, а дополнително ќе се утврди дали овој меч ќе се одигра во некој друг термин“, стои во краткото соопштение.

Повеќе од 143 лица загинаа и уште најмалку 30 се тешко повредени во терористичкиот акт кој се случи во концертната сала „Крокус“. Во Русија утрешниот ден е прогласен за ден на жалост, а воедно се запираат сите настани од спортски и културен карактер.

To top