Фудбал

Судиите ќе носат камери на натпреварите на Светското клупско првенство

Судиите ќе носат камери на натпреварите на Светското клупско првенство

Судиите на Светското фудбалско клупско првенство ќе носат камери на дресовите, а снимките ќе бидат достапни за радиодифузерите за време на мечевите на ова натпреварување, кое летово ќе се одржи во САД.

– Ова е добра можност да им се понуди на гледачите ново искуство, во однос на сликите снимени од перспектива, од агол кој досега не бил понуден – изјави денеска Пјерлуиџи Колина, претседател на Комитетот за судии на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), а пренесува Би-Би-Си.

Судијата Џеред Жилет стана првиот што носеше камера за време на премиерлигашкиот натпревар меѓу Кристал палас и Манчестер јунајтед (4:0) во мај минатата година.

Овие судиски камери првпат беа тестирани минатата сезона на натпреварите од англиската младинска лига, а судењето беше продолжено за оваа сезона, откако резултатите покажаа помала стапка на злоупотреба на судиите.

To top