Фудбал еуро 2024

Стигнаа составите за дуелот Англија – Швајцарија: Саутгејт повторно со еден шпиц, Конса во стартните 11

И покрај најавите дека можеби ќе смени формација и ќе игра со двајца напаѓачи, сепак, селекторот на Англија Герет Саутгејт не отстапува од својата формација со еден напаѓач. Играчот на Астон Вила, Конса ќе го замени суспендираниот Гехи.

Пикфорд е на голот, во одбраната триото Конса, Стоунс и Вокер, во средината Сака, Рајс, Мајно, Трипие, потоа Белингем и Фоден како полушпицови, и во нападот Кејн.

Кај Швајцарците исто нема измени, Мурат Јакин тргнува со: Зомер, Шар, Аканџи, Родригез, Ридер, Фројлер, Џака, Абиешер, Ндоје, Варгас и Емболо.

To top