Покрај фудбалот, во фокусот на Европското првенство се и навивачките пресметки, особено на земјите кои доаѓаат од Балканот. По вчерашните националистички испади на Албанците и Хрватите, денеска во Германија има и поинаква слика.
Денот на Европското првенство почнува со дуелот меѓу Слованија и Србија кој се игра од 15 часот. Во пресрет на натпреварот словенечки и српски навивачи во огромен број заедно навиваа во позитивна атмосфера. Секој си ја бодреше својата репрезентација, но инциденти немаше, напротив, пријателство и почит меѓу двете групи.
Navijaški dvoboj na Marijinem trgu. Srbi so glasni, Slovenci vračajo … #EURo2024 @vecer pic.twitter.com/t0xreU89y3
— Miha Dajcman (@mihadajcman) June 20, 2024