Фудбал статистичарите излегоа со податок

Србите и Англичаните поставија рекорд, ама негативен

Србите и Англичаните поставија рекорд, ама негативен

Српските фудбалери синоќа беа поразени од Англија со 1:0, во првото коло од групата Ц на Европското првенство во Германија.

За повеќето овој дуел беше многу добар и динамичен, но статистиката вели поинаку.

Натпреварот во Гелзенкирхен донесе своевиден рекорд, но негативен.

Средбата меѓу Србите и Англичаните ја одбележаа исклучително мал број на вкупни удари кон голот, а сето тоа им падна во очи на статистичарите, кои го презентираа фактот дека за 44 години толку малку удари кон голот не се видени на европски првенства.

-Тоа не беше натпревар за неутрални навивачи, со вкупно само 11 удари – шест за Србија, пет за Англија. Тој број е најмал забележан на Европското првенство, помалку од сите други 322 натпревари во натпреварувањето од 1980 година“, велат аналитичарите.

To top