По репрезентативната пауза во англискиот фудбал продолжението следи со дуелите од четвртфиналето на ФА купот. Најголемо внимание привлекува дуелот меѓу Манчестер Сити и Ливерпул, како поради ривалство на двата клуба последната деценија, така и по најавата на играчот на Ливерпул, Мохамед Салах дека ја игра последната сезона во „црвениот“ дрес.
Салах за време на паузата објави дека по девет сезони заминува од Енфилд. Собори многу рекорди и се изгради како еден од најдобрите фудбалери во светот.
Потенцијално му остануваат уште 15 натпревари. Ливерпул има уште седум дуели во Премиер лигата, потоа потенцијални пет во Лигата на шампионите (минимум два) и потенцијални три во ФА купот (минимум еден). Во Лигата на шампионите Ливерпул игра со европскиот првак ПСЖ.
Салах последниот натпревар од Премиер лигата за Ливерпул против Брајтон го пропушти поради повреда на мускул (една од ретките) која ја доби на дуелот од Лигата на шампионите со Галатасарај.
– Тој едноставно многу работи на своето тело долг период и затоа брзо се заздравува по повреда. Тренира со тимот и ако се биде во ред ќе настапи против Манчестер Сити, изјави Арне Слот.
Салах за Ливерпул има постигнато 255 голови на 435 натпревари. (МИА)