Фудбал

Сколс: Јунајтед е ѓубре од екипа, а играчите се мрзливци

Сколс: Јунајтед е ѓубре од екипа, а играчите се мрзливци

Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс по којзнае кој пат жестоко удри по својот некогашен клуб.

Причина беше поразoт од Њукасл кој ги врати „ѓаволите“ неколку чекори назад иако претходно беа во добра серија во првенството.

Сколс има замерки на Јунајтед како организација, но и на играчите кои, како што вели, не се достојни да го носат неговиот дрес.

„Јунајтед е ѓубре од екипа, игра очаен фудбал од првата до последната минута. Во него има многу мрзливи играчи и не може да се избега од тоа.  Најголем дел од вината за очајните резултати има во Рашфорд и Бруно Фернандес. Не разбирам зошто Рашфорд беше изненаден кога Тен Хаг го извади од игра. Со што мисли дека заслужил да остане на теренот? Повеќе прави штета, отколку добро за екипата. Бруно Фернандес има добри квалитети, знае да организира игра и да даде гол, но многу би сакал да бидам во соблекувалната пред натпревар и да видам што бара тренерот од него. На која позиција треба да игра? Каде на теренот треба да се наоѓа? Против Њукасл беше секаде, само не таму каде што треба да биде. Го гледав лево, десно, некогаш и во својот шеснаесетник, бранејќи го својот голман“, анализира Сколс.

По синоќешниот пораз, Јунајтед има девет бода негатива во однос на лидерот Арсенал и падна на седмата позиција на табелата.

To top