Фудбал прв човек на италијанскиот фудбал

Скандал: Пoтпретседател на УЕФА под истрага за перење пари

Гравина е на чело на Фудбалската федерација на Италија од 2018 година, а во април 2021 беше избран за член на Извршниот комитет на УЕФА и потпретседател.

Скандал: Пoтпретседател на УЕФА под истрага за перење пари

Римското обвинителство води истрага против претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина, поради наводна „проневера и перење пари“ поврзано со телевизиски права.

Гравина, кој доброволно се сретна со обвинителите и негира каква и да е вина, е обвинет дека со пари од продажба на телевизиските права во 2018 година, кога беше надлежен за третата лига, купил колекција средновековни книги и куќа во Милано.

„Баравме средба и ја доставивме документацијата со цел да покажеме дека нашиот клиент е невин. Расчистивме сè и сигурни сме дека вистината брзо ќе излезе на виделина“, соопшти адвокатскиот тим на Гравина.

Гравина е на чело на Фудбалската федерација на Италија од 2018 година, а во април 2021 беше избран за член на Извршниот комитет на УЕФА и потпретседател.

To top