Фудбал

СКАНДАЛ: Инциденти и човечко стампедо пред финалето на Копа Америка (ВИДЕО)

СКАНДАЛ: Инциденти и човечко стампедо пред финалето на Копа Америка (ВИДЕО)

Незапамптени сцени на паника, човечко стампедо, инциденти и апсења на хулигани во двете навивачки групи му претходеа на финалето од Копа Америка на „Хард рок“ во Мајами помеѓу Аргентина и Колумбија.

Натпреварот со почетокот доцнеше повеќе од еден час, откако дојде до инциденти пред навивачите да влезат на стадионот, а потоа голем број луѓе се заглавија во човечкото „стампедо“ кое настана, откако полицијата ги затвори влезните врати.

Полицијата издаде соопштение во кое се вели дека инцидентите кои му претходеа на влезот во стадионот, ја принудила полицијата да не дозволи влез на хулигани и да ги затвори вратите. Со напомена дека имаат напомена за нетолеранција на насилството, американските полицајци ја префрлија топката и одговорноста кај двете навивачки групи.

To top