Фудбал Атлетико Мадрид

Симеоне: Победата над Бетис е многу важна за нас

Атлетико е четврти на табелата во шпанската лига со 19 бода од 10 натпревари.

Симеоне: Победата над Бетис е многу важна за нас

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се осврна на синоќешната победа од 2:0 над Бетис во 10. коло од Ла Лига.

– Тимот одигра многу добро, одлично прво полувреме, водевме со 2:0. Можеше да биде и повеќе, иако е вистина дека нашиот голман Облак имаше една одлична интервенција. Отидовме на паузата чувствувајќи дека тимот игра многу добро. Во второто полувреме, не бевме толку прецизни како во првото и не можевме да постигнеме трет гол. Се соочивме со тим кој игра и напаѓа. Тие значително ја променија својата тактика, имаа многу шанси во шеснаесетникот, но успеавме да го задржиме резултатот, што не беше лесно, и ова е неопходна и важна победа за табелата и за тимот, изјави Аргентинецот на прес-конференцијата по натпреварот.

Атлетико е четврти на табелата во шпанската лига со 19 бода од 10 натпревари.

To top