Фудбал

Швајцарскиот фудбалски сојуз казнет поради знамето на УЧК

Швајцарскиот фудбалски сојуз казнет поради знамето на УЧК

Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни Швајцарскиот фудбалски сојуз поради знамето на УЧК кое беше истакнато на трибините за време на натпреварот на оваа земја против Германија на Европското фудбалско првенство.

УЕФА го казни швајцарскиот фудбалски сојуз со вкупно 91.000 франци поради недоличното однесување на навивачите на натпреварите од Европското првенствo.

Според пишувањата, парична казна од 40.000 франци била изречена за натпреварот со Унгарија, кога навивачите од Швајцарија фрлале пластични чаши на теренот.

За недолично однесување на навивачите, Фудбалскиот сојуз е казнет со 24.000 франци за натпреварот против Шкотска.

За последниот натпревар во првата фаза од натпреварувањето против Германија, УЕФА ги казни Швајцарците во износ од 27.000 евра, а на тој меч од трибините каде биле сместени нивните навивачи, се фрлале пиротехнички средства, како и било истакнато знамето на УЧК.

Казната за овој натпревар требала да биде поголема, наведува „Блик“, но Фудбалскиот сојуз интервенирал кај УЕФА.

To top