Фудбалската селекција на Шпанија по пауза од 1992 година е олимписки шампион! Во драматично финале по продолженијата падна домашната селекција на Франција со 3-5, откако во регуларниот дел резултатот беше нерешен 3-3.
„Триколорите“ имаа старт како што посакуваат поголемиот дел од фановите на трибините, откако Милот ја искористи грешката на шпанскиот голман Тенас и донесе водство за Франција од 1-0.
Резултатот го израмни Фермин Лопез, по мајсторска асистенција на Баена, а во 25. минута младиот ас на Барса одново беше кобен за домаќинот и Шпанија направи пресврт и поведе со 1-2. Но, тоа не беше сè од налетот на Шпанците, бидејќи најдобриот момент на натпреварот се случи во 28. минута кога Беана биеше снајперски од слободен удар и на својата селекција ѝдонесе сигурни 1-3, резултат со кој се замина на одмор.
Франција одново покажа карактер, исто како и против Египет во полуфиналето, и се врати целосно во игра.
Во 78. минута Магнес Аклиуче најдобро се снајде во казнениот простор на Шпанија и намали на 2-3, додека во судиското надополнување Матета беше сигурен од 11 метри за израмнување и продолженија.
Во дополнителните 30 минути Шпанија одново ја презеде контролата на теренот, а тоа резултираше со супер-гол на „џокерот“ Камељо.
Во стотата минута напаѓачот на Рајо Ваљекано мајсторски го лобоваше Рестес за ново водство на „фуријата“ (3-4).
Откако во последните минути Франција целосно се отвори, „џокерот“ Камељо со нов прекрасен погодок стави печат на победата и златен медал за Шпанија.