Фудбал

Шпанија и Аргентина си закажаа натпревар наречен Финалисима

Шпанија и Аргентина си закажаа натпревар наречен Финалисима

Фудбалските репрезентации на Шпанија и Аргентина, победници на Европското Првенство и на Копа Америка, ќе се сретнат за една година во натпревар познат како „Финалисима“, кој е подобар, европскиот или јужноамериканскиот шампион во меч кој ќе го одиграат.

„Натпреварот ќе се одржи во Јужна Америка, датумот се уште не е одреден“, објави шпанскиот весник „Марка“, посочувајќи дека натпреварот ќе се одигра „во средината на 2025 година, кон крајот на јуни или почетокот на јули“.

Со овој натпревар европската фудбалска асоцијација УЕФА и јужноамериканскиот КОНМЕБОЛ ќе ја продолжат соработката. Се уште го немаат најавено натпреварот меѓу Шпанија и Аргентина.

Последен пат ваков натпревар беше одигран во јуни 2022 година помеѓу тогашниот европски првак Италија и Аргентина. На натпреварот одигран во Лондон, Аргентина победи со 3:0.

 

To top