Фудбал

Шокантни тврдења: „Речиси 90 проценти од судиите во Шпанија навиваат за Реал“

Шокантни тврдења: „Речиси 90 проценти од судиите во Шпанија навиваат за Реал“

Легендарниот Баскиец и пензиониран судија Едуардо Итуралде Гонзалез изнесе шокантни тврдења за шпанските медиуми во врска со судењето во Примера.

Имено, поводот беше последното Ел Класико, во кое Реал победи против Барселона со резултат од 2:1.

Кога беше прашан за бројот на судии кои навиваат за Реал Мадрид и Барселона, тој даде прецизни проценти.

„90 проценти од нив го поддржуваат Реал, 10 проценти ја поддржуваат Барселона. Без разлика дали на  навивачите на Барса им се допаѓа или не, 70 проценти од шпанското население, без Каталонија, го поддржува Реал Мадрид. Сега има повеќе навивачи на Барса затоа што младите луѓе биле сведоци на титули под водство на Гвардиола. Но, пред ерата на Меси, колку луѓе во Шпанија го поддржуваа Реал Мадрид? 70 проценти“, објасни тој.

Како што тврди, тој не бил навивач на ниту еден од тие два клуба.

„Што се однесува до мене, не ме интересира ниту Реал ниту Барса, јас сум навивач на Атлетик Билбао и сите го знаат тоа. Но, сакајќи да бидам фер, им нанесов штета“, рече тој искрено.

To top