Фудбал Болница во Мадрид

Шок за Реал Мадрид, Винисиус поради повредан одсутен до февруари

Шок за Реал Мадрид, Винисиус поради повредан одсутен до февруари

Реал Мадрид ја потврди повредата на Винисиус, а шпанските медиуми прогнозираат дека тој два и пол месеци ќе биде надвор од теренот.

Деталните снимки покажале дека повредата на тетивата на неговата лева нога не е наивна, тој има кинење на феморалниот бицепс.

Оваа повреда ќе го одалечи околу два и пол месеци од теренот, а тоа значи дека оваа календарска година за него е завршена.

Оваа е удар за Реал Мадрид бидејќи претходно повреда заработи и Камавинга кој исто така нема да игра до крајот на оваа година.

To top