Фудбал

Сејдини: ФФМ ја презеде Арената пред 50 дена, еве го резултатот

Сејдини: ФФМ ја презеде Арената пред 50 дена, еве го резултатот

Фудбалската федерација на Македонија ги заврши започнатите активности од проектот за поставување целосно нова, хибридна подлога на теренот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје и тревникот е подготвен за дуелот со Англија во целост

Хибридната трева од најновата генерација е поставена на Националната арена по нешто околу месец и пол работа, која опфати отстранување на претходната трева, поставување на новата подлога и целосно нов систем за одржување и наводнување на тревникот.

„Пред 50 дена, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја презеде обврската целосно да го уреди и да направи сосема нов терен на Арената „Тодор Проески“. Еве го резултатот“, напиша претседателот Сејдини на социјалните мрежи и го објави видеото од новиот тревник:

На новиот тревник, најпрвин се работеше на поставување на вештачката површина, а потоа следуваше сеење на тревата, чии корени потоа се поцврсти и поиздржливи. Природната трева создава густина и компактност, поради што во сезоната на најсилна вегетација разликата е практично невидлива.

Во сезоната на најслаба вегетација, односно во декември, јануари и февруари, односот е приближно 70-30 во корист на природната трева, додека во сезоната на полна вегетација, односот се зголемува.

Поставувањето на хибридна подлога би можело да биде ефикасно решение, се разбира доколку правилно се одржува и се искористува на пропишанот начин.

To top