Фудбал Шестмина преживеани

Седум години од големата фудбалска трагедија, авионската несреќа на „Чапокоензе“

При падот на авионот загинаа 77 лица, од кои 19 фудбалери и 20 новинари кои патувале со екипата на „Чапокоензе“.

Седум години од големата фудбалска трагедија, авионската несреќа на „Чапокоензе“

Денеска се навршуваат седум години од авионската несреќа која го потресе светот. На 29 ноември 2016 година се урна авион со кој патуваа и фудбалери на бразилскиот клуб „Чапокоензе“.

Авионот се урна во централниот дел на Колумбија.

При падот на авионот загинаа 77 лица, од кои 19 фудбалери и 20 новинари кои патувале со екипата на „Чапокоензе“.

Шестмина преживеаја, меѓу кои тројца фудбалери, еден новинар и двајца членови на екипажот.

To top