Фудбал бомба на повидок

Се наѕира следниот предизвик: Дали Клоп ќе го преземе славниот шпански гигант?

Јирген Клоп го шокираше целиот свет со најавата дека заминува од англискиот гигант, Ливерпул. Миленикот на навивачите рече дека му е потребен нов предизвик во кариерата, а медиумите веќе започнаа со шпекулациите околу неговата следна дестинација.

„Дејли Мирор“ пишува дека Германецот никогаш не ја криел желбата еден ден да стане тренер на шпанската Барселона, а тоа би можело и да се оствари по завршувањето на тековната сезона. Управата на каталонскиот гигант не е задоволна од перформансот на Чави сезонава, па голема е веројатноста дека токму Клоп би можел да биде неговиот наследник.

Барса игра во променлива форма и очигледно е дека на тимот му е потребен „ремонт“, кој би можел да започне со доведување на искусниот Клоп на клупата. Управата сигурно би донела и неколку звучни засилувања, па на тој начин би започнала новата ера во клубот.

Дел од шпанските медиуми веќе објавија дека Клоп би можел да го наследи Чави, а коментарите на социјалните мрежи се навистина позитивни и навивачите на Барса не би имале ништо против ако трофејниот германски стратег го преземе петкратниот освојувач на Лигата на шампионите.

To top