Многумина забележаа дека Кристијано Роналдо, како капитен на португалската репрезентација, не присуствуваше на погребот на Диого Жота и неговиот брат.
Двајцата загинаа во сообраќајна несреќа, а беа погребани денеска во Гондомар.
Семејството, пријателите, поранешните соиграчи беа присутни, но не и Роналдо.
„Дејли меил“ објавува дека Роналдо е на одмор со своето семејство, на јахта во близина на Мајорка.
Португалските медиуми можат само да шпекулираат зошто Роналдо не се појавил на погребот.
„Диого Жота беше дел од тимот. Можеби има некои причини што не ги знаеме“, „Тој мора да ја објасни причината, тој ја има таа одговорност, тој е капитен“, „За ова отсуство ќе се дискутира многу“, се само дел од коментарите на тамошните новинари.
Жота (28) и неговиот брат Андре Силва (25) загинаа во четврток во сообраќајна несреќа во шпанската покраина Замора. Автомобилот во кој беше португалскиот репрезентативец со својот брат излета од патот и се запали.