Фудбал

Санчо не се враќа на „Олд Трафорд“, Манчестер Јунајтед ќе загуби околу 40 милиони фунти

Санчо не се враќа на „Олд Трафорд“, Манчестер Јунајтед ќе загуби околу 40 милиони фунти

Џејден Санчо најверојатно нема да се врати во Манчестер Јунајтед, особено ако на чело на тимот остане Ерик Тен Хаг. Англичанецот моментално настапува како позајмен во Борусија Дортмунд, а во последната недела успеа да се запише во листата на стрелците на два натпревари по ред.

Според „Сан“, шефовите на „црвените ѓаволи“ се откажале од обидот да ги помират Санчо и Тен Хаг и се подготвени да го продадат 23-годишниот крилен напаѓач. Изворот тврди дека Борусија е подготвена да му понуди на Јунајтед 35 милиони фунти за трајно да го ангажира Санчо на лето. Ова значи дека 20-кратниот шампион на Англија ќе загуби околу 40 милиони фунти само од трансферната сума, без платите на играчот. Јунајтед во 2021 година на Борусија и плати 73 милиони фунти.

На „Олд Трафорд“, сепак, се надеваат дека Санчо ќе може да се претстави силно до крајот на сезоната, како што направи минатата недела против ПСВ Ајндховен. Така би се појавиле и други кандидати за него, со што би се зголемила неговата евентуална цена на трансфер пазарот.

To top