Фудбал

Нови повреди на „Олд Трафорд“

Стоперите на „црвените ѓаволи“ Виктор Линделоф и Лисандро Мартинез поради повреди на мускулот ќе бидат надвор од терените најмалку еден месец.

Нови повреди на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед повторно се мачи со повредите на играчите. Речиси немаше период оваа сезона кога некој фудбалер, па дури и повеќе, не отсуствуваше од теренот.

Стоперите на „црвените ѓаволи“ Виктор Линделоф и Лисандро Мартинез поради повреди на мускулот ќе бидат надвор од терените најмалку еден месец.

Капитенот на Шведска се повлече во второто полувреме на натпреварот од Премиер лигата против Брентфорд минатата сабота поради проблем со тетивата.

За да биде иронијата поголема, Виктор беше заменет со Мартинез во 69 минута. Ова беше негов прв настап од почетокот на февруари. Сепак, тој на тренинг ја повреди потколеницата и ќе биде недостапен за следните неколку натпревари.

Јунајтед има уште девет првенствени натпревари оваа сезона, почнувајќи со Челси на гости во четврток, како и полуфиналето на ФА Купот против Ковентри.

To top