Сампдорија денес му додели отказ на тренерот Андреа Пирло.
Одлуката е донесена по лошиот почеток на сезоната. Тимот од Џенова освои еден бод по три кола во Серија Б.
Италијанскиот клуб го напуштија и помошниците на Пирло, Роберто Баронио, Мауро Бертони, Никола Паварини и Рафаеле Клементе.
Четириесет и петгодишниот Пирло беше тренер на Сампдорија од минатото лето. Минатата сезона тимот го зазеде седмото место на табелата.