Крилниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах има намера да го напушти англискиот клуб во летниот преоден рок.
Како што објави „The Sun“, одлуката на Египќанецот е поврзана со заминувањето на тренерот на „црвените“, Јирген Клоп.
Претходно се дозна дека германскиот стручњак ќе го напушти клубот на крајот од сезоната 2023/24.
Главен претендент за Салах е Ал-Итихад. Раководството на клубот од Саудиска Арабија е подготвено да плати 233 милиони евра за играчот.
Сезонава 31-годишниот Салах одигра 38 натпревари на кои постигна 24 гола и имаше 13 асистенции. Договорот на фудбалерот со тимот е до крајот на јуни 2025 година.
Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на Салах на 65 милиони евра.
Ливерпул е трет во англиското првенство со 71 бод од 32 натпревари. Лидер е Манчестер сити со 73 бода.