Фудбал

Салах го нападна клубот и Слот

Салах го нападна клубот и Слот

Вистинска драма го тресе Ливерпул! Еден од најголемите играчи во историјата на клубот, Мохамед Салах, јавно го доведе во прашање својот престој на „Енфилд“ и обелодени дека неговиот однос со тренерот Арне Слот е целосно уништен.

„Трет пат сум на клупата, првпат во мојата кариера. Многу сум, многу разочаран. Направив толку многу за овој клуб со години, особено минатата сезона. Сега седам на клупата и не знам зошто“, изјави Салах.

Неговиот бес е насочен кон раководството и стручниот штаб, за кои чувствува дека го изневериле:

„Се чувствувам како клубот да ме фрлил под автобус. Тоа е чувството. Јасно е дека некој сакаше јас да ја преземам целата вина. Добив многу ветувања летово, а досега сум на клупата три натпревари, така што не можам да кажам дека ги одржаа ветувањата“.

To top