Фудбал

САД први полуфиналисти на женскиот фудбалски олимписки турнир

САД први полуфиналисти на женскиот фудбалски олимписки турнир

Женската фудбалска репрезентација на САД е првиот патник во полуфиналето во фудбалскиот турнир на Олимписките Игри во Париз.

Откако во регуларниот дел мрежите мируваа на „Паркот на принцовите“, во 107. минута на сцена стапи Тринити Родман, која постигна нов мајсторски погодок и ја одведе својата селекција меѓу четирите најдобри во Париз.

To top