Фудбал

Руни под истрага на Фудбалската федерација на Англија

Руни под истрага на Фудбалската федерација на Англија

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) поведе три постапки против тренерот на Плимут, Вејн Руни за навреди и насилно однесување кон официјални лица на натпреварот против Блекбурн.

Руни изминатиот викенд на дуелот против Блекбурн во англискиот Чемпионшип беше исклучен кон крајот на натпреварот поради жесток протест кон судијата.

ФА соопшти дека Руни е обвинет за користење „навредлив јазик“, како и „непримерно и насилно однесување“ по добиениот црвен картон.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и англиски репрезентативец има рок од една недела да одговори на обвинувањата.

To top