Фудбал

Рома се засилува од Јувентус

Рома се засилува од Јувентус

Матијас Суле од Јувентус за сума од 30 милиони евра ќе пристигне во Рома.

Рома најпрво ќе плати 26 милиони евра, потоа уште 2 милиони евра во лесно остварливи бонуси, и уште 2 милиони евра со потешко остварливи бонуси.

Јувентус ќе добие и 10 проценти од следната продажба на Суле.

Суле е 21-годишен аргентински фудбалер кој главно игра на десната офанзивна позиција, но може да настапува и во средината како втор напаѓач.

To top