Фудбал

Родриго ги прокоментира гласините за трансфер во Манчестер Сити

Родриго ги прокоментира гласините за трансфер во Манчестер Сити

Фудбалерот на Реал Мадрид Родриго вели дека не го интересираат трансфер гласините и порача дека останува на „Сантијаго Бернабеу“.

Името на Родриго изминативе денови беше една од топ темите во трансфер шпекулациите. Со пристигнувањето на Килијан Мбапе и Ендрик, ќе има голема конкуренција во форот на Реал Мадрид, па се говорше дека Бразилецот би можел да го напушти „Бернабеу“.

Гласините само се подгреаја со една изјава на Родриго, во која напаѓачот го фалеше Пеп Гвардиола и Манчестер Сити.

To top