Македонскиот фудбалер од редовите на Динамо Загреб Стефан Ристовски беше особено разочаран по дебаклот на Динамо Загреб од Баерн Минхен.
Тој е еден од најомилените играчи меѓу навивачите на Динамо, не само поради неговите играчки квалитети, туку и поради неговата борбеност и искреност.
„Најпрво би сакал да им се извинам на сите навивачи на Динамо, се надевам дека ќе ни простат и ќе бидат со нас. Не е лесно да се излезе пред новинарите и да се коментира по овој пораз. Мора да бидеме свесни дека не го претставуваме само Динамо, туку и хрватскиот фудбал.
Како соблекувална мора да се извлечеме и убеден сум во тоа. Динамо е голем клуб и клуб со голема историја. Сега е најлесно да се впери прстот кон некого и да се каже дека тој е виновен. Само заедно можеме да излеземе од оваа ситуација“ изјави Ристовски.