Фудбал

Ридигер ќе паузира до три месеци

Ридигер ќе паузира до три месеци

Реал Мадрид се соочи со неочекуван проблем пред патот во Сан Себастијан. Чаби Алонсо нема да може да смета на услугите на Антонио Ридигер.

Ридигер се пожалил на болка во квадрицепсот за време на тренингот, по што веднаш отишол на прегледи и му била дијагностицирана повреда на мускулот на левата нога.

Прегледите покажале дека повредата е сериозна. Првите прогнози се дека, во најдобар случај, паузата ќе трае 10, а можеби и повеќе од 12 недели.

To top