Фудбал тандем

Реал Мадрид покрај Килијан Мбапе, го ангажира и помладиот брат, Итан!

Помладиот брат на Килијан Мбапе, Итан би можел да се пресели во Реал Мадрид. Како што пренесува „РМЦ Спорт“, повикувајќи се на „ Ел Чирингито“, Мбапе и неговото семејство побарале од Реал да го ангажира и 17-годишниот Итан Мбапе.

– Ова е дополнително прашање што нема да влијае врз трансферот на Килијан. Семејството на Мбапе и самиот Килијан пред неколку дена побараа од Реал да го ангажира и помладиот брат, Итан. Реал се согласи, изјави новинарот Едуардо Инда.

Итан Мбапе сезонава одигра само една минута за ПСЖ во Лига 1, кога на теренот се појави во 90. минута од натпреварот од 17. коло против Мец (3:1).

Тој одигра шест натпревари во младинската лига на УЕФА и двапати влезе како замена во куп натпреварите.

To top