Фудбал

Реал Мадрид и Ридигер ќе ја продолжат соработката

Реал Мадрид и Ридигер ќе ја продолжат соработката

Реал Мадрид е многу блиску до постигнување договор со Антонио Ридигер, за продолжување на соработката за уште една година.

Според информациите на шпанските медиуми, 33-годишниот германски репрезентативец е подготвен да го продолжи договорот, но со намалена плата во однос на сегашната.

Иако „кралскиот“ клуб обично е внимателен кога станува збор за продолжување договори со повозрасни фудбалери, случајот со Ридигер се смета за исклучок поради неговата огромна посветеност и клучна улога во тимот.

Се очекува договорот за едногодишно продолжување да биде официјализиран во наредните недели. Со тоа, Реал Мадрид ќе го задржи јадрото на одбраната, потпирајќи се на искуството на Ридигер заедно со Едер Милитао и младите таленти Дийн Хујсен и Раул Асенсио.

To top