Фудбал договорот му истекува на крај на сезоната

ПСЖ му нуди на Мбапе повеќе од 100 милиони евра по сезона

Оваа сезона Мбапе одигра 24 натпревари, постигна 25 гола и беше творец на три асистенции.

ПСЖ му нуди на Мбапе повеќе од 100 милиони евра по сезона

Пари Сен-Жермен му понудил на напаѓачот Килијан Мбапе нов договор вреден повеќе од 100 милиони евра по сезона, објави новинарот на „RMC Sport“, Даниел Риоло.

Според Риоло, ниту еден клуб не може да парира на понудата на парижаните. Понудата на Реал во однос на ПСЖ изгледа тривијално и покрај очигледно големите суми.

Претходно новинарот Абдела Булма објави дека 25-годишниот фудбалер нема да го продолжи договорот со ПСЖ и ќе го напушти клубот на лето.

Оваа сезона Мбапе одигра 24 натпревари, постигна 25 гола и беше творец на три асистенции. Неговиот договор со парижаните истекува на крајот од сезоната.

To top