Фудбал

Проектилот на Ристовски против Шибеник уште сега е кандидат за гол на годината во Хрватска (ВИДЕО)

Проектилот на Ристовски против Шибеник уште сега е кандидат за гол на годината во Хрватска (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски интернационалец Стефан Ристовски втор натпревар по ред постигнува погодок откако погоди против Шибеник и ја крена публиката на нозе.

Стефан Ристовски уште сега е кандидат за гол на годината во Хрватска, десниот бек вечерва против Шибеник испука проектил.

Откако доби една топка од Петковиќ, Македонецот без многу размислување распали од работ на шеснаесетникот и погоди во аголот веќе во 2. минута од мечот.

 

To top