Манчестер сити без Ерлинг Халанд славеше против Лутон со 2-1, а без норвешкиот напаѓач ќе мора да игра и против Црвена Звезда во Лигата на шампиони (ЛШ).
Тренерот Пеп Гвардиола кажа дека Халанд има проблеми со повреда и ќе мора да паузира уште некое време.
„Халанд почувствува болка во стапалото по мечот со Астон вила и затоа не играше против Лутон. Не знаеме уште колку долго ќе паузира“, кажа Гвардиола.