Фудбал

Проблеми за Атлетико, се повреди Клемент Ленгле

Проблеми за Атлетико, се повреди Клемент Ленгле

Диего Симеоне се соочува со голем проблем во дефанзивата отккао фудбалерот на Атлетико Мадрид, Клемент Ленгле, нема да игра два месеци поради повреда.

Французинот се повреди на натпреварот од Купот против Атлетико Балеарес и го напушти натпреварот по само десет минути. Атлетико Мадрид не објави колку долго Ленгле ќе биде отсутен од теренот.

„Ленгле претрпе тешко истегнување на медијалниот колатерален лигамент без придружни повреди, што беше дијагностицирано од медицинскиот персонал на клубот по тестовите извршени врз дефанзивецот, кој беше подложен на магнетна резонанца и дополнителна евалуација во четвртокот. Неговата состојба ќе се следи за понатамошен развој на ситуацијата“, се наведува во соопштението Атлетико Мадрид.

To top