Фудбалерот на Барселона Роберт Левандовски, заработи повреда на натпреварот против Реал Сосиедад, а крилниот играч Ламин Јамал исто така останува надвор од терените, објавија од каталонскиот клуб.
Левандовски има проблеми со повреда на грбот, додека 17-годишниот Јамал сè уште закрепнува од повредата на глуждот.
Поради ова, полскиот напаѓач нема да патува на собирот на репрезентацијата. Се очекува Левандовски да биде отсутен околу десетина дена и да се врати на теренот за следниот натпревар на тимот, потврдија од Барселона.
Ламин Јамал ќе отсуствува од две до три седмици, што значи дека нема да може да учествува во претстојните натпревари на Шпанија во Лигата на нациите против Данска и Швајцарија, а можно е да не биде подготвен и за следните натпревари на Барселона.