Фудбал чудо од топка

Презентирана топката за ЕП 2024, најмодерна во историјата

Европската фудбалска унија (УЕФА) и “Adidas” денеска во Берлин претставија специјална топка со која репрезентациите ќе играат на Европското првенство во Германија во 2024 година.

Топката го доби името „Fussballliebe“, што е германски збор за љубов кон фудбалот, а ќе се користи на 51 натпревар на турнирот кој ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули. Во топката има чип кој испраќа податоци 500 пати во секунда за да ја сними точката во која e удрена.

Тоа ќе им помогне на судиите да одлучуваат за офсајд, користејќи повеќе агли на камерата за да создадат тродимензионален приказ што го прикажува движењето на играчот.

УЕФА соопшти дека технологијата обезбедува невиден увид во секој елемент на движењето на топката и придонесува за процесот на одлучување на ВАР судиите.

Водечкото тело на европскиот фудбал, исто така, ги истакна одржливите квалитети на новата топка, користејќи рециклиран полиестер и боја на база на вода, со материјали како шеќерна трска, пченкарни влакна и целулоза.

“Adidas” вети дека еден процент од продажбата на топките ќе оди во хуманитарна организација основана од поранешниот шпански репрезентативец Хуан Мата.

To top