Заврши групната фаза во второто по ранг натпреварување под капата на УЕФА, познати се сите патници во нок-аут фазата.
Баер Леверкузен е единствениот кој беше перфектен, „фармацевтите“ со 5-1 ја добија пресметката со Молде за шест од шест и првото место во Групата Х.
Покрај нив, во осминафинале се пласираа уште Вест Хем, Брајтон, Ренџерс, Аталанта, Ливерпул, Виљареал и Славија Прага.
Плеј-оф за место во осминафинале обезбедија Фрајбург, Марсеј, Спарта Прага, Спортинг, Тулуз, Рен, Рома, Молде и Карабах.
Ждрепката за плеј-офот е на 18. декември, првите натпревари се на програмата на 15. февруари, а реваншите една недела подоцна.