Швајцарецот Сандро Шерер ќе го суди Суперкупот на Европа меѓу шпанскиот Реал Мадрид, освојувач на Лигата на шампионите и италијанската Аталанта, која го освои пехарот во Лигата на Европа од претходната сезона. Натпреварот ќе се игра на стадионот во Варшава во Полска.
Шерер судеше на два натпревари на последното ЕП во Германија. Помошници ќе му бидат Стефан де Алмеида и Јонас Ерни додека Украинецот, Микола Балакин, ќе биде четврти судија.
Во ВАР собата ќе седат: Бастијан Данкерт од Германија, Федаи Шан од Швајцарија и Кристијан Дингерт од Германија.