Француската фудбалска репрезентација се пласира во полуфиналето на Олимписките игри, откако во четвртфиналето во Бордо ја совлада Аргентина со 1-0 со голот на Жан-Филип Матета во петтата минута.
Сепак, по завршувањето на натпреварот настана општ хаос меѓу актерите. Очигледно имаше многу провокации и префрлања меѓу голем број фудбалери.
Потоа инцидентите се префрлија во соблекувалната.Франција во полуфиналето, закажано за петти август, ќе игра против Египет. Во второто полуфинале ќе се сретнат Шпанија и Мароко.