Фудбал

Повредата на Кристијано Роналдо не е наивна

Повредата на Кристијано Роналдо не е наивна

Повредата на Кристијано Роналдо се покажала посериозна од првичните проценки, потврди тренерот на Ал-Наср, Жорге Жезус.

Поради тоа, португалската ѕвезда ќе замине во Шпанија, каде што ќе ја продолжи неопходната терапија.

Роналдо ја повреди тетивата зад коленото за време на победата на неговиот тим со 3-1 против Ал-Фајха.

Во почетокот се појавија информации дека закрепнувањето ќе трае околу еден месец, што би значело дека постои можност да ги пропушти пријателските натпревари на Португалија против Мексико и САД, закажани за 29 март и 1 април. Сепак, Жезус не прецизираше колку долго ќе трае паузата на поранешниот фудбалер на Реал Мадрид.

Роналдо ќе ја напушти Саудиска Арабија, една од земјите кои неодамна беа мета на напади од Иран, а според информациите тој веќе го повлекол и својот приватен авион од Ријад.

To top