Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на седница донесе одлука да не го продолжи договорот со селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски чиј мандат истече на 30 ноември 2025 година, а во работата на најважните две репрезентации на Македонија беше вклучен од 2014 година.
Управниот одбор на федерацијата смета дека на македонската репрезентација ѝ е потребна нова енергија и поинаков мотив за претстојните предизвици што ја очекуваат нашата национална селекција. Веруваме дека со нов стручeн тим ќе се внесе „нов ветер“ во работата на тимот, кој ќе овозможи уште поголема конкурентност и амбиција во натпреварите на Македонија.
Фудбалската федерација на Македонија останува целосно посветена на создавање најдобри можни услови за работа, како и на обезбедување максимална поддршка за репрезентацијата. Досегашната соработка со стручниот штаб предводен од Милевски беше на високо професионално ниво и ја цениме нивната посветеност и односот кон репрезентацијата. Остануваме подготвени со истата посветеност, да ги поддржиме идните планови и предизвици на македонската А репрезентација.
Управниот одбор на федерсцијата најдоцна до 25. декември 2025 година ќе донесе одлука за назначување на нов предводник на репрезентацијата на Македонија.