Англиската полиција на почетокот на септември открила канабис скриен во четири куфери кои пристигнале од Бангкок на аеродромот Стенстед.
Во патните торби биле скриени 60 килограми канабис во вредност од околу 800.000 долари. Полицијата приведе две жени на возраст од 28 и 32 години, а една од жените е партнерка на Емануел-Томас.
Неколку дена подоцна полицијата приведе и англиски фудбалер, кој моментално настапува за шкотскиот второлигаш Гринок Мортон, под сомнение дека е главниот организатор.
Емануел-Томас, кој негира вмешаност во случајот, е задржан во притвор, откако судот ја одби понудената кауција и барањето да се брани од слобода.
Емануел – Томас е производ на академијата на Арсенал, но за клубот од северен Лондон одигра само пет натпревари.
Поголемиот дел од кариерата го помина на позајмица во Блекпул, Донкастер и Кардиф. Во 2011 година потпиша за Ипсвич Таун, а играше и за Бристол Сити, Квинс Парк Ренџерс, Абердин … Од оваа сезона го носи дресот на Гринок Мортон.