Фудбал нов скандал на повидок

Поради ова видео сите се убедени дека Меси ја „изгубил главата“ по аргентинската новинарка: „На Антонела ѝ се подготвува истото сценарио како на Шакира“

Софија Мартинез тој ден ги интервјуирала и Емилијано Мартинез, Хулијан Алварез и Лаутаро Мартинез, но нејзиниот разговор со Меси најмногу одекна поради „хемијата“ која владее меѓу нив, коментираат на ТикТок.

Поради ова видео сите се убедени дека Меси ја „изгубил главата“ по аргентинската новинарка: „На Антонела ѝ се подготвува истото сценарио како на Шакира“

ТикТок е преплавен со видеа од Лионел Меси и аргентинската новинарка Софија Мартинез во главните улоги. Местото на случувањата било доделувањето на Златната топка, што се одржа неодамна во Париз.

Многумина ги забележале спорните погледи меѓу фудбалската ѕвезда и познатата Аргентинка која е една од ретките кои го интервјуирале познатиот фудбалер. За оваа афера се зборуваше и претходно, а по случувањата во Франција повторно „експлодираа“ гласините.

Софија Мартинез тој ден ги интервјуирала и Емилијано Мартинез, Хулијан Алварез и Лаутаро Мартинез, но нејзиниот разговор со Меси најмногу одекна поради „хемијата“ која владее меѓу нив, коментираат на ТикТок.

@carlosfutbol04 La mirada de Messi a Sofi Martínez #sofimartinez #leomessi #messiballondor2023 ♬ Día De Suerte – Live At Palacio De Los Deportes, México/2011 – Alejandra Guzmán & Moderatto

„Антонела ќе го доживее истото што го доживеа и Шакира“, пишуваат на оваа социјална мрежа оние кои се убедени дека има нешто повеќе меѓу фудбалерот и новинарката, како и дека ќе се повтори приказната на Шакира-Жерар Пике, славниот пар кој раскина поради неговото неверство. Видеото не престанува да се споделува на ТикТок.

На истиот настан на кој на Меси му беше врачена Златната топка, по осми пат во кариерата, присуствуваа и неговата сопруга Антонела Рокузо и нивните синови. За церемонијата напиша и Софија Мартинез на Инстаграм, посочувајќи дека овогодишното доделување на наградите најмногу било во знакот на аргентинскиот фудбал.

Софија Мартинез пишувала и за тоа колку фудбалот е посебен и убав спорт, како и дека легендата за Лионел Меси станува сè поголема.

Мартинез го интервјуирала Меси и пред финалето на Светското првенство минатата година во Аргентина.

„Го допре секој Аргентинец, тоа навистина го мислам“, му кажала во таа прилика, а по интервјуто порачала дека тоа бил најмагичниот момент за неа, но и многу емотивен момент бидејќи го следи Меси уште од мали нозе.

Таа го пофалила Меси, велејќи „тој ми обрна внимание“ и вети дека ќе се истетовира доколку Аргентина победи во финалето, што го направи тимот на оваа земја. Мартинез му порача и дека дефинитивно заслужува да го освои Светското првенство, а и да не испадне така, јасно е дека веќе направил многу за својата земја. Фудбалерот за малку ќе заплачеше за време на интервјуто.

To top