Актуелниот европски првак, Шпанија, сигурно и убедливо ја надигра Србија со 3-0 во контролен натпревар одигран на „мадригал“.
Првично беше планирано Шпанците да се соочат со Аргентина во рамки на „Финалисима“, но поради актуелните случувања на Блискиот Исток, средбата беше одложена.
Прашањето на победникот беше решено уште во првото полувреме, кога Микел Ојарзабал со два прецизни удари во 16. и 43. минута ѝ донесе комотна предност на „фуријата“. Во продолжението, Муњоз само ја потврди доминацијата, поставувајќи ги конечните 3-0.
На Вембли“ во Лондон, Англија и Уругвај ремизираа 1-1. Бен Вајт во 81. минута донесе водство за домашните, но Федерико Валверде од пенал во судиското надополнување обезбеди израмнување.
Германија приреди вистинско шоу во Базел, триумфирајќи со 3-4 над Швајцарија во возбудлив пријателски натпревар.
Иако гостите двапати беа во негатива, покажаа карактер и енергија за пресврт, па на крајот заслужено стигнаа до победата. Средбата ќе остане запаметена и по мајсторијата на Флоријан Вирц, кој постигна спектакуларен гол.
Домашната селекција влезе силно во натпреварот и поведе преку Дан Ндоје, но Германците брзо возвратија – Џонатан Тах со глава ја смести топката зад грбот на Грегор Кобел. Пред паузата, Брил Емболо повторно ја донесе предноста за Швајцарија, но Серж Гнабри со ефектен погодок се погрижи на полувреме да се замине со нерешен резултат.
Во вториот дел счедуваше шоу Флоријан Вирц во 61. минута испрати разорен удар од повеќе од 30 метри, откосо, кој заврши под гредата за водство од 3-2. Данило Монтеиро израмни на 3-3, но во самиот финиш повторно на сцена стапи Вирц, кој во 85. минута го постави конечниот резултат, 3-4.
На останатите натпревари, Холандија ја победи Норвешка со 2-1, Грција доживеа пораз на домашен терен од Парагвај, додека Австрија убедливо славеше над Гана со 5-1. Црна Гора пак со 2-0 ја совлада селекцијата на Андора.